Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Познато е името на тренерот кој ќе го замени Ерик тен Хаг во Ајакс
    Фудбал

    Познато е името на тренерот кој ќе го замени Ерик тен Хаг во Ајакс

    risteBy riste12/05/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Еден ден откако по 36-ти пат стана холандски шампион, Ајакс го објави името на новиот тренер на тимот, а тоа е  Алфред Шредер. Тој доаѓа на местото на Ерик тен Хаг, кој стана менаџер на Манчестер Јунајтед.

    „Ајакс, Бриж и Алфред Шредер се договорија за трансфер на тренерот во клубот. Шредер ќе потпише договор кој започнува по завршувањето на оваа сезона и ќе заврши на 30 јуни 2024 година. Договорот има опција за дополнителна трета година“ се вели на официјалниот сајт на клубот од Амстердам.

    Шредер многу добро го познава Ајакс, бидејќи му беше прв асистент на Ерик тен Хаг од јануари 2018 до 2019 година.

    Шредер (49) ја започна својата кариера како асистент во Витезе, потоа премина во Твенте, Хофенхајм, асистент во Ајакс, помошник на Роналд Куман во Барселона, а од јануари 2022 година беше тренер на Бриж.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.