Украинецот Александар Шовковски привремено ќе биде главен тренер на Динамо Киев по заминувањето на романскиот стручњак Мирчеа Луческу. Ова го пренесува официјалниот сајт на украинскиот клуб.
Шовковски (48) претходно беше дел од стручниот штаб на Луческу и беше негов помошник. Да напоменеме дека минатата сезона, кога Мирчеа Луческу извесно време беше на боледување поради здравствени причини, Александар Шовковски беше тренер на тимот од Киев. Емил Карас, Олег Гусев и Михаил Михаилов ќе продолжат да работат во стручниот штаб на Шовковски.
Да потсетиме, вчера, 3 ноември, 78-годишниот Мирчеа Луческу објави дека го напушта Динамо Киев и ја завршува тренерската кариера. Ова се случи по поразот на Динамо Киев од Шахтјор со резултат 0:1.

