Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Познато е кој со кого ќе игра во следното коло од Купот на Германија
    Фудбал

    Познато е кој со кого ќе игра во следното коло од Купот на Германија

    risteBy riste03/11/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Следниот противник на Баерн Минхен од Бундеслигата, Унион Берлин, ќе биде и нивни следен противник во Купот на Германија во декември, додека Борусија Дортмунд ќе се соочи со Баер Леверкузен, одлучи ждребката за следното коло во Купот на Германија.

    Ждрепката за третото коло која се одржа синоќа ги соочи Баерн и Унион еден против друг во Берлин, каде што нивниот првенствен натпревар ќе се одржи следната сабота.

    Баерн е рекордер во купот со 20 титули, но не го кренал трофејот од 2020 година и не се пласирал подалеку од четвртфиналето оттогаш. Избраниците на Винсент Компани ги добија сите 15 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања.

    Борусија Дортмунд се соочува со уште еден голем тест пред победникот во 2024 година, Баер Леверкузен, откако го победија Ајнтрахт Франкфурт на пенали во второто коло.

    Другиот натпревар помеѓу екипите од Бундеслигата е Борусија Менхенгладбах и Сент Паули, кои се сретнаа во лигата во саботата, а Менхенгладбах ја оствари својата прва победа во сезоната по победата од 4:0.

    Штутгарт гостува кај Бохум, РБ Лајпциг се соочува со Магдебург, Хамбургер игра против својот северногермански ривал Холштајн Кил, а Фрајбург се соочува со Дармштат во четири натпревари помеѓу клубови од Бундеслигата и тимови од втората лига. Херта Берлин и Кајзерслаутерн се последните два противници.

    Натпреварите од третото коло се закажани за 2 и 3 декември. Финалето е на 23 мај 2026 година во Берлин.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.