Фудбалскиот клуб Фиорентина потврди дека се раздели со тренерот, Бепе Јакини и на негово место во експресен рок назначи нов тренер.
Слабите резултати на стартот од новата сезона и само две победи по седум кола придонесоа раководството на клубот да направи промени на кормилото.
Медиумите во Италија потврдија дека нов тренер на „виолетовите“ ќе биде Чезаре Прандели, поранешниот селектор на Италија. Тој првично ќе биде ангажиран само до крајот на сезоната.

