Најтрофејниот фудбалски состав во нашава земја, Вардар, денеска слави јубилеј – 35 години од освојувањето на титулата во поранешна Југославија.
Тогашниот тим предводен од тренерот, Андон Дончевски, оствари 15 победи, 8 нерешени и 11 порази. Подоцна титулата му беше доделена на Партизан откако им беа вратени бодовите на десет клуба кои првично беа санкционирани за „местење“ натпревари во претходната сезона.
Вардар сепак доби дозвола од УЕФА да настапи во Купот на европските шампиони.

