Група од околу 20 маскирани лица влегле во хотелското лоби каде биле сместени навивачите на ПАОК во швајцарскиот град Базел и ги нападнале навивачите на грчкиот фудбалски клуб.
Овој настан се случил пред реванш натпреварот од второто квалификациско коло на Лигата на шампионите помеѓу Базел (Швајцарија) и ПАОК Солун кој се одигра синоќа. Најмалку еден човек бил повреден, а хотелскиот инвентар оштетен, соопшти локалната полиција.
Напаѓачите веднаш заминале по инцидентот и не биле веднаш откриени од страна на полицијата. ПАОК победи на натпреварот со 3:0 и продолжи во третото коло со вкупен резултат од 5:1.