Преговорите меѓу Барселона и францускиот играч за врска Осман Дембеле се дојдени во ќорсокак, информираат медиумите во Шпанија.
Клубот во неколку наврати испрати нацрт-договор до луѓето околу Французинот кои ги водат неговите работи, но не е добиен одговор. Според информациите, Каталонците сакаат да го задржат Дембеле уште три години по истекот на неговиот сегашен договор летото 2022 година. Французинот неодамна изјави дека сака да остане во Барселона. Тој исто така доби информација дека нема да ја има истата плата на друго место.
Доколку Дембеле го одбие новиот договор, тој ќе биде ставен на трансфер листата. Барселона се надева дека доколку играчот се одлучи да си замине ова лето, клубот сепак ќе добие најмалку 50 милиони евра, колку што е проценет Французинот.

