Фудбалските натпревари во сите турски лиги се прекинати на неодредено време откако судијата, Халил Умут Мелер, беше нападната по натпреварот меѓу Анкарагучу и Ризеспор во рамките на 15. коло од елитната конкуренција.
Во инцидентот беа вклучени неколку лица меѓу кои и претседателот на домашниот клуб. Во соопштението на Фудбалската федерација на Турција се наведува дека против сторителите и поттикнувачите на нападот се покренати кривични пријави.
Tурскиот претседател Ердоган излезе со став дека спортот и насилството не одат заедно и дека неговата земја нема да толерира вакви настани.