Дербито на холандското првенство во рамките на 6. коло во холандскиот шампионат меѓу Ајакс и Феенорд кое беше прекинато поради дивеењето на навивачите, и покрај противењето на гостите ќе мора да биде доиграно.
Според одлуката на Холандската федерација мечот кој беше прекинат при резултат 0:3 за гостите од Ротердам ќе се доигра во среда на 27 септември од 14 часот. Натпреварот ќе се игра без публика.