Откако ФИФА ја одби жалбата на Челзи поврзана со забраната за трансфери во два преодни рока, „сините„ најавија дека сега ќе се обратат до Судот за спортска арбиртража во Лозана.
„Денеска Челзи ја доби одлуката на комитетот за жалби на ФИФА. Клубот е многу разочаран бидејќи казната за забрана на трансфери во два преодни рока не е укината. Челзи ќе ја обжали одлуката на ФИФА во Судот за Спортска Арбитража“ – стои во соопштението на англискиот елитен состав.
Екипата од Лондон во наредната сезона како засилување ќе го има само Кристијан Пулишиќ кој го регистрираше уште во јануари, но, му дозволи да остане на позајмица во Борусија Дортмунд.