Раководството на Премиер лигата ги предупреди службените лица во елитата да не зборуваат за „откажување“ на сезоната кога разговараат за можните опции.
Доколку коментираат за најлошото сценарио, се советува да ја користат верзијата – „скратување“ на сезоната а не зборот – „откажување“. Инструкциите беа издадени откако во последниве денови се повеќе клубови вршат притисок сезоната да биде прекината.
Според „Дејли Мајли“, пак, челниците на лигата ќе сторат сé што е можно да се заврши првенството. Наредната средба на која ќе бидат присутни сите фудбалски фактори во Англија е закажана на 3 април.