Раководството на Премиер лигата се согласи да го исполни барањето за одложување на натпреварите со цел да се даде подолга пауза на оние на англиските претставници на европските натпреварувња, кои ќе стигнат до последните натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа во август, пренесува „Sky Sports“. Идејата е секоја екипа да има загарантиран одмор пред почетокот на новата сезона, која започнува на 12 септември.
Доколку Манчестер Сити или Челзи стигнат до финалето во Лигата на шампионите, кое е закажано за 23 август, ќе им биде дозволено да се приклучат во Премиер лигата на 22 септември. Полуфиналето е закажано за 18 и 19 август. Слична е ситуацијата во Лигата на Европа, каде се Манчестер Јунајтед и Вулверхемптон. Таму финалето ќе се одржи на 21 август, а полуфиналето е закажано за 16/17 август.
Од четирите преостанати репрезени на Англија, само Челзи се чини е пред елиминација бидејќи загуби со 0:3 како домаќин против Баерн (Минхен) во првиот натпревар од осминафиналето и веројатно нема да продолжи понатаму.