Англиската Премиер-лига донесе одлука да ги прекине активностите до 4 април откако синоќа беа потврдени првите случаи на заразени тренери и фудбалери со Ковид-19.
Станува збор за стратегот на Арсенал,Микел Артета и фудбалерот на Челзи, Калум Хадсон-Одои. Денеска се појавија нофи информации дека позитивни на тестирањето биле играчи на Лестер, Евертон и Манчестер Сити и дека дел од нив се ставени во изолација.
ФА на Англија одлучи покрај Премиер-конкуренцијата да ги суспендира мечевите и во второто по ранг натпреварување –Чемпионшип Дивизијата.