Фудбалската асоцијација на Англија максимално ќе ја искористи одлуката на УЕФА да го помести ЕВРО 2020 за наредната година.
На денешниот состанок помеѓу ФА, Премиер-лигата и ЕФЛ, е договорено дека сезоната нема да биде прекината или поништена и дека ќе продолжи кога ќе се создадат услови. За таа цел е променето правилото дека сезоната мора да финишира најдоцна на 1. Јули. Бордот на ФА го промени правилникот и одлучи дека таа точка нема да има значење за сезоната 2019/20.
Тоа значи дека возбудувањата во Премиер-лигата најверојатно ќе продолжат во летните месеци бидејќи суспензијата на сите фудбалски активности ќе трае до 30 април.

