Клубовите од Премиер лигата одлучија системот за видеоповторување „VAR“ да не биде воведен во англиското фудбалско првенство наредната сезона.
Од раководството на Лигата најавија дека клубовите сакаат уште тестови на системот пред неговото пуштање во употреба на натпреварите во шампионатот. Според клубовите, треба да се направи екстра подобрувања во системот, особено во однос на комуникацијата на стадионот и за оние фанови кои ги гледаат натпреварите дома и во целиот свет.
Лигата објави дека „VAR“ ќе биде тестиран за време на Лига Купот и натпреварите од ФА Купот. Системот за видеоповторување е воведена во доста фудбалски првенства во Европа, вклучувајќи ја Бундеслигата, а освен тоа ќе биде користен за време на натпреварите од СП 2018 во Русија во текот на летото.