Четворица играчи на англиската Премиер лига беа позитивни на коронавирус, објави „Sky Sports“.
Лигата одлучи да не ги открива имињата на играчите заразени со КОВИД-19, или на тимовите за кои тие играат. За време на последната сесија беа извршени 2131 тестови во периодот од 7 до 13 септември. Сите четири заразени играчи во моментов се во самоизолација и ќе останат во неа најмалку 10 дена.
Англискиот шампионат, како и огромното мнозинство на други европски лиги, се одржува без публика поради пандемијата на коронавирусите. Шампионатот во Премиер лигата за сезоната 2019/2020 беше прекината во март, но заврши летото 2020 година, шампионската титула ја освои Ливерпул.

