Клубовите од Премиер лигата се договорија да воведат пет замени од следната сезона, објави официјалниот сајт на Премиер лигата.
Денеска имаше состанок на клубовите од Премиер лигата, а како резултат на истиот договорено е од следната сезона, на клубовите да им биде дозволено да користат пет замени, кои ќе бидат направени три пати во текот на натпреварот, со дополнителна можност за замена на полувремето.
Лигата ги потврди и датумите за летниот преоден рок. Летниот преоден рок во 2022 година ќе се отвори на 10 јуни и ќе се затвори на 1 септември, исто како и во другите европски лиги. Покрај тоа, Премиер лигата денеска ги ажурираше преостанатите мерки за борба против КОВИД-19. Од 4 април, лигата ќе го откаже тестирањето на играчите и персоналот за КОВИД-19 двапати неделно, бидејќи се враќа во нормална работа.