Акционерите во Премиер лигата на следниот состанок треба да гласаат за тоа дали клубовите ќе можат да ангажираат играчи на позајмица од клубови кои имаат заедничка сопственичка структура.
Проблемот се појави откако Њукасл е поврзуван со потписот на Рубен Невеш од Ал-Хилал, кој пред шест месеци за 47 милиони фунти замина во Саудиска Про лига, а сега Њукасл сака да го добие на 6-месечна позајмица. Коренот на проблемот е што Њукасл и Ал-Хилал се во сопственост на Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија, што практично значи дека имаат исти „газди“. Во моментов не постои регулатива за да се спречи ваков договор, кој потоа може да повлече низа други проблеми со кои Премиер лигата не сака да си има работа.
Клубовите од Премиер лигата веднаш се побуниле против ваквата практика и побарале состанок на кој ќе се гласаат за предлогот за забраната за потенцијални зделки како што е оваа на Њукасл и Ал-Хилал.