Летниот преоден рок во Франција ќе биде отворен од понеделник, 8 јуни. Предвременото отворање ќе им овозможи на клубовите да купуваат и продаваат играчи во земјата.
Одлуката на ФИФА за глобалниот трансфер период не е донесена и се преговара. Обично трансфер периодот се затвора на почетокот на септември, но оваа година може да остане отворен до крајот на деветтиот месец од годината.
Во Франција, многу рано се решија да не го играат шампионатот, додека другите големи првенства во Европа ќе се обидат да ја завршат сезоната. Во Германија први започнаа со рестартирање, а во наредните денови се очекува ова да се случи во Англија, Шпанија и Италија.