Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини одржа состанок со амбасадорот на Косово, Ѓерѓ Дедај
    Фудбал

    Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини одржа состанок со амбасадорот на Косово, Ѓерѓ Дедај

    risteBy riste17/01/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини во „Куќа на фудбалот“ имаше работен состанок со амбасадорот на Косово во нашата држава, Ѓерѓ Дедај.

    Во рамки на средбата разговараа за бараж натпреварот меѓу Македонија и Косово од полуфиналето во Лига на Нации за пласман на Европското првенство 2020. и начинот на организација на важниот дуел за двете репрезентации.

    Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини ја истакна заложбата и подготвеноста на нашата федерација за организација на натпреварот на 26. март на Националната арена на највисоко ниво, потенцирајќи ја увереноста дека сите кои се вклучени во организацијата на натпреварот ќе го искористат своето искуство и можности фудбалскиот меч да биде вистински спектакл.

    „Ние како Фудбалска федерација на Македонија сме во постојани контакти со федерацијата на Косово и драго ми е што и на ова ниво имаме можност да разговараме за натпреварот кои ни следува во март. Како федерација ги преземаме сите мерки за успешна организација на значајниот натпревар, во постојани контакти сме со нашето Министерство за внатрешни работи и со одделот на УЕФА за интегритет и безбедност. Сите треба да дадат свои придонес за да помине се како што доликува и да се зборува само за фудбалерите и нивната игра на теренот. Во најскоро време ќе ги соопштиме и сите детали околу влезниците и начинот на продажба и распределба, но секако ќе се придржуваме до правилата на УЕФА. Јас се надевам дека и навивачите на двете репрезентации својот придонес ќе го дадат единствено преку фер и коректно однесување и навивање бидејќи само на тој начин репрезентациите ќе имаат корист. Верувам дека по 26. март ќе зборуваме само за нашиот финален натпревар за пласман на ЕВРО 2020“, изјави Сејдини.

    „Наша заложба е заеднички да го организираме овој натпревар, секој од нас да даде придонес за еден фудбалски спектакл. Се надевам дека сме подготвени и нема да дозволиме поединци или групи да ја искористат оваа можност за било какви проблеми. Треба да покажеме голема спортска култура, меѓусебна почит и да докажеме дека можеме да бидеме вистински протагонисти на еден фудбалски спектакл на кој на победникот ќе му се честита и посака пласман на ЕВРО 2020“, истакна Ѓерѓ Дедај.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.