Фудбалската федерација на Македонија синоќа ја извести јавноста дека претседателот Муамед Сејдини е позитивен на ковид-19. Сејдини почувствувал симптоми во петокот, а на вчерашниот тест во Скопје бил позитивен.
Претседателот е веќе во карантин, не го следеше натпреварот против Лихтенштајн синоќа од свечената ложа, а од иста причина нема да патува ни за Дуизбург во вторник наутро. Во текот на денешниот ден ќе бидат направени тестови на нашите фудбалери и членовите на стручниот штаб.
Од страна на Фудбалскиот сојуз на Германија е побарано кај нив да допатува само мала делегација, а дополнително сите ќе бидат тестирани по пристигнувањето на аеродромот во Дуизбург. Голема е веројатноста дека Македонија ќе биде претставувана само од фудбалерите, стручниот и медицинскиот штаб и мала група на луѓе од администрацијата на ФФМ.