Џани Инфантино од позицијата на прв човек на светската фудбалска асоцијација – ФИФА во интервју за италијанската новинска агенција –АНСА“, потенцираше што очекува да случи откако ќе заврши пандемијата со корона-вирусот.
„Бидете сигурни дека фудбалот ќе се врати и дека сите заедно ќе го прославиме тоа. Ќе излеземе од кошмарот и верувам дека ја научивме лекцијата“ – вели Инфантино.
„Кога фудбалот ќе се врати тој ќе биде тотално различен од тоа што сме го гледале досега“ – изјави Инфантино со надеж дека луѓето ќе бидат подобри и похумани.