На прес-конференцијата одржана денес на „Паркот на принцовите“, каде беше претставена новата голема sвезда на ПСЖ, Лионел Меси, претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи беше категоричен дека Килијан Мбапе ќе остане во тимот.
„Тој е од Париз и игра за ПСЖ, сака да се натпреварува и сака да победува, и тука сме на највисоко ниво. Тој сакаше да изградиме тим што може да се бори за сите трофеи и мислам дека го изградивме најдобриот тим на светот, така што во моментов нема друг избор освен да остане во клубот и да освојуваме титули заедно“, рече претседателот на ПСЖ.