Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи го повика раководството на Барселона да ја остави бразилската sвезда Нејмар на мира.
Разговорите меѓу Парижаните и напаѓачот за продолжување на договорот, кој истекува во летото 2022 година, се тешки. Според Ал-Халаифи, постојат контакти меѓу Барселона и поранешниот играч на оваа екипа и за тоа се делумно виновни од Барселона. Според „Радио Каталонија“, Ал-Хелаифи побарал од Барселона да престане да комуницира со Бразилецот.
На почетокот на овој месец стана познато дека Барселона ќе се обиде да го врати играчот ова лето, подготвувајќи 100 милиони евра за оваа намена.

