Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи е оптимист за иднината на клубот по разочарувањето во финалето во Лигата на шампионите.
Францускиот тим за прв пат стигна до можноста да се бори за титулата, но загуби со 0:1 од Баерн (Минхен). Така, ПСЖ не успеа да ја исполни својат голема цел овие неколку години.
„Тажни сме, но не смееме да заборавиме што постигнавме оваа сезона. Загубивме 0:1 во финалето, но можевме да постигнеме два или три гола”, рече Ал-Хелаифи.
„Бевме многу блиску. Јас сум многу горд на моите играчи. Имавме одлична сезона. Одигравме одличен турнир. Имавме шанси да победиме, но тоа е фудбал. Ветувам дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите“, додаде Ал-Хелаифи.