Претседателот на Рома Џим Палота, се соочува со казна од УЕФА за неговото однесување за време на реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Ливерпул, одиграно во средата вечерта.
Европската фудбалска куќа го обвини Палота за непримерните реакции. Случајот ќе биде повторно разгледан на 31 мај, по финалето на најпрестижото клубско натпреварување. Претседателот на италијанскиот клуб беше лут на судиите, вклучувајќи го и играњето на Александар-Арнолд со рака во казнениот простор на мечот кој се одигра на „Олимпико“.
Џим Палота побара брзо да биде воведено видео повторување на спорните ситуации и во Лигата на Шампионите. Во финалето во Киев на 26 мај, Ливерпул ќе игра против Реал Мадрид.