Ексцентричниот претседател на Сампдорија, Масимо Фереро, е под истрага на финансиската полиција во Италија за финансиска измама.
На бизнисменот му биле запленети 200.000 евра со сомнително потекло. Филмскиот магнат е дел од истрагата предводена од специјалните сили на девизниот пазар. Фереро е под истрага за измама, проневера, фалсификувани фактури и перење пари.
Претседателот на Сампдорија не е единствениот во шемата. Според информацијата на „Спорт Медиасет“ се вели дека уште пет лица се осомничени дека проневериле повеќе од 2,6 милиони евра.