Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, не исклучува промена во употребата на системот за видео-асистенција на судијата (ВАР).
Неодамна, се зголемија апелите за ограничување на случаите во кои се употребува ВАР технологијата за расчистување на спорни ситуации.
„Постојат многу предлози како да се подобри ова“, рече Чеферин. „Според мене, најдобро е да се користи ВАР во најтешките ситуации за да се донесе одлука. Во моментов, во некои шампионати, играта се прекинува премногу често, што не е добро за фудбалот. Решението е да се користи технологијата поретко. На пример, постојат неколку нејасни работи околу играњето со рака. Исто е и со офсајд ситуациите од 1-2 см. Како и со голманите, кои понекогаш ја напуштаат гол линијата за неколку сантиметри при изведување на пенал“ изјави Александар Чеферин.
Без оглед какви измени ќе бидат усвоени, тие нема да стапат во сила пред крајот на сезоната.

