Вчера вечер во Охрид и официјално беа преставени годинешните учесници на 36. Издание на Охридскиот пливачки маратон. Оваа година ќе учествуваат шест натпреварувачки во женска и девет пливачи во машка конкуренција.
Организаторот на маратонот, Општина Охрид и ПК „Охридски бранови“, традиционално ја доделија и спортската награда „Климе Савин“ за 2023, која оваа година ја понесе македонската пливачка легенда Томи Стефановски.
Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи утре, 26 август. Ќе се плива на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Св. Наум, до Охрид. Стартот е утрото во Св. Наум, а целта на градскиот кеј. Наградниот фонд на Охридскиот пливачки маратон годинава изнесува 12.000 евра.