Фудбалерот, Џоб Белингем, го облече дресот на Борусија Дортмунд откако германскиот состав му плати 33 милиони евра на англискиот Сандерленд, кој патем кажано, избори учество во Премиер лигата за наредната сезона.
Вкупната сума за потписот на помладиот брат на Џуд Белингем кој сега игра за Реал Мадрид а на времето беше во Дортмунд, сигурно ќе биде повисока кога ќе се додадат вообичаените бонуси.
Младиот англиски фудбалер пристигнува во редовите на „милионерите“ со вториот најголем трансфер во историјата на клубот.

