Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, ќе мора да го пропушти утрешниот меч со Баерн Минхен на стартот на новата сезона во фудбалската елита на Европа.
Тој во текот на викендот на дуелот Селта го повредил бутниот мускул и ќе мора да паузира најмалку три недели.
Покрај напаѓачот, во тимот на Диего Симеоне ќе ги нема Саул Нигез и Хозе Хименес кои подолг период се обидуваат да ги санираат повредите.

