Олимписката фудбалска репрезентација на Германија го напушти теренот на пет минути пред крајот на дуелот со Хондурас поради расистички навреди.
Станува збор за пријателски натпревар како дел од подготовките пред настапот на Олимписките игри во Токио.
Мета на расистички навреди се најде 23-годишниот фудбалер на на Херта, Џордан Торунарига по што неговите соиграчи во знак на солидарност веднаш го напуштија теренот.