Пријателски натпревар помеѓу репрезентациите на Франција и Украина може да не се одигра поради коронавирусот кај гостинскиот тим, објавија украинските медиуми.
Според изворот, селекторот Андриј Шевченко има на располагање само еден голман, бидејќи по пристигнувањето во Франција беа тестирани голманите Андриј Лунин и Јуриј Панкив, како резултат на што на играчите им беше дијагностициран коронавирус.
Претходно, PCR тестовите за ковид -19 дадоа позитивен резултат кај двајца играчи на Шахтјор – Тарас Степаненко и Андриј Пјатов. Така, целиот тим отиде во самоизолација, што значи дека Николај Матвиенко, Виктор Коваленко, Марлос и Жуниор Мораеш исто така нема да можат да учествуваат на натпреварот. Украинската репрезентација ќе одигра пријателски натпревар со Французите (7 октомври), а потоа ќе треба да одигра две средби во Лигата на нации – со Германија (10 октомври) и Шпанија (13 октомври).

