Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Приказната на Могамед Ибрагимов: Од олимписки медал до создавање нови шампиони
    Домашен микс

    Приказната на Могамед Ибрагимов: Од олимписки медал до создавање нови шампиони

    risteBy riste19/05/2026No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Од првиот олимписки медал за Македонија до создавање нови генерации шампиони, приказната на Могамед Ибрагимов и БК Бучим продолжува и денес, во пресрет на јубилејното 50. издание на меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“, кој на 30 мај повторно ќе го претвори Радовиш во центар на борењето, спортската традиција и шампионскиот дух.

    Од олимпискиот подиум во Сиднеј до боречката сала во Радовиш, приказната на Могамед Ибрагимов и денес продолжува со истата страст, дисциплина и посветеност кон спортот. Човекот кој ѝ го донесе на Македонија првиот олимписки медал како независна држава, денес своето искуство и знаење ги вложува во создавање нови генерации борачи во Боречкиот клуб Бучим.  

    Кариерата на Ибрагимов е една од најзначајните во историјата на македонското борење. Освен олимписката бронза во Сиднеј 2000, тој е и европски шампион во 1999-тата, освојувач на сребрен медал на Светското првенство во 1998-та,  и учесник на три Олимписки игри. Неговото име останува запишано како симбол на еден од најголемите спортски успеси за Македонија, а неговата поврзаност со БК Бучим и Радовиш трае со години, каде денес тој ја обавува функцијата на спортски директор.  

    Годинашното јубилејно 50. издание на Mеѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“, кое ќе се одржи на 30 мај во Радовиш, носи посебна симболика. Турнирот не е само спортски настан, туку продолжение на една голема боречка традиција што со децении ги обединува шампионите, младите таленти и љубителите на спортот.

    Во организација на Боречката федерација на Македонија, Општина Радовиш и Боречкиот клуб Бучим, турнирот оваа година ќе донесе натпреварувачи и гости од повеќе земји, а Радовиш повторно ќе стане центар на борењето во регионот.

    „Македонски бисер не е само турнир. Ова е настан со историја, со емоција и со огромно значење за борењето во Македонија. Низ годините тука настапувале големи имиња, а денес наша задача е да создадеме нови шампиони и да ја задржиме традицијата жива“, вели Могамед Ибрагимов, чија приказна денес добива ново продолжение: од освојување медали до создавање идни шампиони. Во салата на БК Бучим, Ибрагимов работи со млади борачи, пренесувајќи им не само техника и искуство, туку и вредностите што го одбележаа неговиот спортски пат.

    „БК Бучим отсекогаш бил многу повеќе од клуб. Тука се создавале и се создаваат спортисти, но и луѓе со карактер, дисциплина и почит. Радовиш живее со борењето и токму затоа овој турнир има толку големо значење за целиот регион“, додава Ибрагимов.

    Во своите 50 години постоење, „Македонски бисер“ израсна во симбол на спортска традиција, полни трибини, големи борби и моменти што остануваат запаметени меѓу генерации љубители на борењето. Ова јубилејно издание има амбиција не само да ја прослави историјата, туку и да покаже дека македонското борење и понатаму има иднина, талент и публика.  Во време кога спортот има сè поголема улога во развојот на младите и градењето на здрави вредности, борењето останува еден од спортовите што најсилно го носат македонскиот спортски идентитет. Токму преку турнири како „Македонски бисер“, клубови како БК Бучим и луѓе како Могамед Ибрагимов, традицијата продолжува да живее и да создава нови генерации спортисти кои еден ден ќе ја претставуваат Македонија на најголемите светски сцени.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.