Новиот менаџер на Манчестер Ј., Ерик тен Хег смета дека приоритет на тимот во летниот трансфер период треба да бидат засилувања во средниот ред.
Според ESPN, повикувајќи се на свои извори, новиот менаџер на „ѓаволите“ го смета за приоритет купувањето на централен играч за врска и ова го гледа како прв чекор во реструктуирањето на тимот. Сега Манчестер Јунајтед е фокусиран да најде засилување на позиција играч за врска, а засега не се споменуваат конкретни имиња.
Јунајтед е подготвен да ангажира офанзивен играч само доколку има соодветен играч на располагање кој му е неопходен на тимот.

