Легендарниот фудбалер на Хрватска, Роберт Просинечки, кој во блескавата кариера ги бранеше боите на лутите шпански ривали, Реал Мадрид и Барса, даде најава за денешното „Ел Класико“.
„Ниту Реал ниту Барса не брилјира иако му се доближија на Атлетико. Барселона дојде на само минус еден. Реал е на минус три. Двата тима во „Ел Класико“ влегуваат без спектакуларна игра и со добри серии“ – вели Просинечки.
„Tие победуваат само поради искуството, поради фактот што станува збор за Реал и Барселона. Нема фаворит на „Ел Класико“ – изјави Просинечки.

