Барселона има потешкотии за регистрирање на Дани Олмо, објави „Кадена СЕР“ синоќа. Пријавувањето на играчот од средниот ред за новата сезона се уште останува под знак прашање.
Шпанскиот репрезентативец се приклучи на Барселона од РБ Лајпциг за 55 милиони евра, со дополнителни 7 милиони евра кои треба да се платат во зависност од перформансите на 26-годишниот напаѓач.
Раководството на каталонскиот клуб склучи договор со американската компанија Арамарк од која ќе добие 40 милиони евра како дел од соработката во угостителската област.
Се очекува Барселона многу брзо да продаде некој од Рафиња, Роналд Араухо или Френки де Јонг за да го ангажира Олмо. Каталонците кои имаат сериозни финансиски проблеми мора да докажат дека добиле уште 15 милиони евра за да ја покријат сумата која треба да ја платат за нивното ново засилување Олмо.
Во првото коло од новата сезона Барселона на 17 август гостува кај Валенсија.

