Крилото на Мароко Нордин Амрабат ќе го пропушти следниот натпревар на својот тим против Португалија поради потрес на мозокот.
Амрабат беше заменет принудно од својот помлад брат Софијан Амрабат во првата средба со Иран (0:1), откако удри со главата со онаа на Вахид Амири.
Амрабат помина една ноќ во болница, а потоа се врати во мароканската база во Воронеж. Играчот ќе одмара една недела и нема да игра против Португалците, соопшти Мароканската фудбалска федерација.