Српската репрезентација пред мечот со Бугарија на 19 ноември во Лесковац повторно има проблеми со повредени важни играчи. Станува збор за повреда на коленото на плејмејкерот Сергеј Милинкович-Савиќ, пишуваат медиумите во Србија. Натпреварот на стадионот „Дубочица“ е последен од групата Г на патот до ЕП 2024 и за домаќините од исклучително значење.
Србија најпрвин беше загрижена дека повторно ќе недостасува Александар Митровиќ, како што беше случајот во јуни во Разград, кога Србија израмни на 9 секунди до крајот со 1:1. А истиот ден Митровиќ постигна гол за својот Ал Хилал во првенството на Саудиска Арабија и најави дека Бугарите ги чекаат многу маки. Сепак, Драган Стојковиќ има главоболка поради друг играч.
Сергеј Милинковиќ-Савиќ доби силен удар во коленото. Последица од ударот е отсуство од теренот и ќе мора да мирува две до четири недели, а потоа во зависност од опоравувањето да започне со лесни тренинзи“, објавија во Србија.
Во ваква ситуација Милинковиќ-Савиќ остана на терапија во Ријад, а неговиот клупски тим замина во Индија на следниот собир од азиската Лига на шампиони. Реално, плејмејкерот треба да биде на теренот на почетокот на декември. Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ се очекува да го објави списокот на фудбалери за контролната средба со Белгија на 15 ноември и европските квалификации со Бугарија на 19 ноември.