Англискиот премиерлигаш Тотенхем доби тежок удар во пресрет на продолжението од сезоната во Премиер лигата, бидејќи поради повреда на лигаментите на коленото во следниот период ќе остане без услугите на својот напаѓач Ричарлисон.
Според „Дејли Мејл“, лондончани без напаѓачот ќе бидат најмалку еден месец. Ричарлисон се повреди во четвртфиналето на Светското првенство во кое играат неговиот Бразил и Хрватска. Повредата ја почувствува веќе на загревањето, но на теренот остана 84 минути.
Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте изјави дека со нетрпение ја очекува формата на Ричарлисон по Мундијалот, но дека е прилично разочаран по најновите вести за неговата здравствена состојба.
Доколку се земе предвид формата во која беше и сегашната повреда на бразилскиот фудбалер, јасно е дека периодот кој што следува Тотенхем ќе се потпира само на голгетерските способности на Хари Кејн, кој по враќањето од Мундијалот и ситуацијата во која се наоѓаше доби седумдневна пауза за одмор.