Неколку дена пред четврт-финалето од Лигата на шампионите против РБ Лајпциг, Атлетико Мадрид доби тежок удар. Клубот потврди два случаи на коронавирус по тестовите извршени во саботата.
Двајцата заразени веќе се сместени во изолација во нивните домови. Според венсикот „Марка“, еден од двајцата е фудбалер.
„Во саботата, 8 август, сите членови на нашиот прв тим што ќе патуваат за Лисабон ги поминаа тестовите, како што се бара со протоколот на УЕФА пред четвртфиналето од Лигата на шампионите. Резултатите излегоа денес и двајца членови беа позитивни, што значи дека ќе останат дома. Сега ќе ги повториме тестовите на оние кои беа во близок контакт со нив за да откриеме дали има повеќе заразени“, напиша мадридскиот клуб во официјалното соопштение.

