Атлетико Мадрид ќе биде без стартниот голман Јан Облак на отворањето на групната фаза од Лигата на шампионите против Порто, објави весникот „АС“. Натпреварот на двата тима е во среда во Мадрид. Словенечкиот голман на крајот на средбата со Реал Сосиедад доживеа тежок удар во коленото и по подолго време укажување на лекарска помош мораше да биде заменет.
Повредите се ретки во кариерата на Облак, досега пропушти 15 натпревари во 2016-17 година поради повреда на рамото. „Се надеваме дека ќе закрепне што е можно побрзо“, изјави тренерот на Атлетико, Диего Симеоне. Во отсуство на Облак, на голот на тимот ќе застане Хрватот Иво Грбиќ.