Херта (Берлин) има проблеми со повредените дефанзивци пред да се соочи со шампионот Баерн (Минхен). Марвин Платенхарт заработи повреда за време на тренингот, а Џордан Торунарига има повреда на Ахилова пета, соопштија од клубот.
И двајцта се очекува да не бидат во составот на својата екипа за гостувањето во сабота во Минхен, но и за домашниот натпревар против Мајнц на 2-ри март. Оваа сезона екипата на Херта од Берлин двапати им правеше проблем на Баварците.
Прво, Херта победи со 2:0 дома во првенство, а потоа – повторно на „Олимпискиот стадион”, но во дуел за Купот на Германија, играа продолженија, во кои Баерн беше подобар.

