Италијанскиот гигант Јувентус нема да може да смета на Сами Кедира во следните три недели, соопштија од клубот.
Фудбалерот има искинати влакна на левиот бутен мускул по вчерашниот дуел на „бјанконерите” со Валенсија, кој заврши со победа за Италијанците со 0:2.
Кедира беше принуден да го напушти теренот во 23-та минута, откако почувствува силна болка во левата нога. Во 89-та минута Даглас Коста исто така го напушти теренот поради повреда, која ќе биде утврдена во текот на утрешниот ден.
„Сами Кедира беше подложен на медицински тестови кои открија дека има искинати влакна на левиот бутен мускул. Даглас Коста исто така го напушти теренот предвреме, но неговата состојба ќе биде утврдена утре”, се вели во соопштението на Јувентус.