Тренерот на италијанскиот гигант Јувентус – Маурицио Сари, има сериозни проблеми со играчкиот кадар пред гостувањето кај Атлетико Мадрид на почетокот од групната фаза од Лигата на шампионите.
Миралем Пјаниќ и Даглас Коста добија повреди на мечот со Фиорентина (0:0). Бразилскиот репрезентативец ќе биде надвор од терените околу еден месец, додека босанскиот интернационалец најверојатно ќе го пропушти мечот во Мадрид. Денес тој ќе помине медицински тестови кои ќе дадат конечен одговор на прашањето колку долго ќе треба да ја санира повредата.
Гонзало Игуаин заработи удар и се повреди на мечот на „Артемио Франки“. Тој доби удар во бутот за време на натпреварот и ќе биде прегледан. Доколку не биде добро, шанса за настап конечно ќе добие Пауло Дибала, кој беше резерва од почетокот на сезоната. Во Јувентус повредени се уште и капитенот Џорџо Киелини и Матијас Де Шилио. Данило исто така имаше проблем со мускулот на мечот во Фиренца, но се очекува да биде готов до среда, пренесува „Тутопорт“.
Во меѓувреме, Федерико Бернардески ќе го заземе местото на Даглас Коста во стартниот состав. Пјаниќ ќе биде заменет со Родриго Бентентур, додека Адриен Рабио е во добра форма и би можел да ги замени Блес Матуиди или Семи Кедира.