Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, доби лоши вести. Германскиот стручњак нема да може да смета на дефанзивецот, Жоел Матип во наредните шест недели, бидејќи неговите проблеми со коленото се комплицирани.
Матип има играно само на еден од последните пет натпревари на „црвените“ против Манчестер Јунајтед (1:1) на 20 октомври на „Олд Трафорд“.
28-годишниот фудбалер ќе пропушти околу 10 натпревари на Ливерпул, од кои еден од нив ќе биде домашниот меч против шампионот Манчестер Сити на 10 ноември во Премиер лигата. Исто така, се очекува Матип да биде надвор од теренот за останатите три натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите.