Проблемите на Ливерпул со составот не престануваат и се поизвесно е дека оваа екипа до последен момент нема да може да знае дали на мечот со Барселона на „Енфилд“ ќе настапи во состав кој ќе биде конкурентен за изненадување. Еден од најголемите лидери на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, можеби нема да игра на вечерашниот натпревар. Според некои англиски медиуми, холандскиот репрезентативец ја пропушти последната тренинг-сесија на тимот вчера.
Играчот на годината во Премиер Лигата не беше забележан во кампот на Ливерпул. Портпаролот на клубот изјавил дека Ван Дајк се подготвува индивидуално со Алекс Окследид-Чемберлен и Адам Лалана, кои се надвор од комбинација за вечерашниот натпревар.
Се уште не е јасно дали Јирген Клоп ќе може да го користи својот најдобар дефанзивец против каталонците. Тој нема да може да смета дефинитивно на Мохамед Салах, додека Роберто Фирмино стои како евентуална опција, но за него ќе се знае до пред почетокот на натпреварот. Ливерпул ќе се обиде да ја анулира предноста на Барселона од 3:0 остварена на првата средба на „Камп Ноу“.