На голем број новинари од Ерменија им беше одземена акредитацијата за Европското првенство во фудбал – 2020 година, пренесува – „Sport.news.am“.
Првично, УЕФА ги акредитираше ерменските новинари, но неколку дена по почетокот, им ги откажа акредитациите -со одлука на една од земјите домаќини на турнирот. Се претпоставува дека одбивањето да се акредитираат новинари од Ерменија е иницирано од Азербејџан.
Забележано е дека Фудбалската федерација на Ерменија сега работи на решавање на прашањето да не им се дозволи на своите новинари да учествуваат на Европското првенство. Претходно, новинарот Нобел Арустамјан и коментаторот Константин Генич се соочија со проблеми со акредитацијата од Баку а нивниот колега, Михаил Мосаковски, не беше пуштен во Азербејџан на натпреварот, за кој требаше да коментира.

