Тотенхем не само што има катастрофалниот старт на сезоната,оваа екипа има и дополнителен проблем со повредени играчи. Нов проблем има менаџерот Маурицио Почетино пред продолжението на сезоната во Лигата на шампионите.
Англиските медиуми пишуваат дека првата ѕвезда на „спарси“, Хари Кејн се повреди на еден од последните тренинзи и нема да биде во составот на својата екипа на денешниот меч со Евертон. Засега не се знае точната дијагноза на повредата на англискиот голгетер, но се претпоставува дека нема да може да настапи ниту на дуелот со Црвена Звезда во Лигата на шампионите.
По заминувањето на Љоренте, Почетино остана само со еден класичен напаѓач во лицето на Хари Кејн и сега нема ниту една адекватна замена за овој фудбалер, па за овие натпревари ќе мора да игра со таканаречената „лажна деветка“.