Голманот на Реал Мадрид, Андриј Лунин заработи повреда на потколеницата на реванш натпреварот со Реал Сосиедад (4:4) во полуфиналето на Купот на Кралот, пренесува „АС“.
Во моментов недостапен е и првиот голман на Реал Мадрид Тибо Куртоа, кој заработи повреда за време на ангажманот со белгиската репрезентација.
На 5 април, на натпреварот против Валенсија во 30. коло од Ла Лига, за тимот може да дебитира третиот голман Фран Гонзалес. Конечната одлука најверојатно утре ќе ја донесе селекторот Карло Анчелоти.
Реал Мадрид е на второто место во шпанската лига со 63 бода, три помалку од лидерот Барселона, на девет натпревари до крајот на сезоната.

